Феникс 2010 не попушта: Пет победи во серија, падна и МКК Куманово

52

Кошаркарите на Феникс 2010 влегоа во фантастична серија од пет последователни победи. Денеска во првиот меч од новото 18. коло во Мтел Првата лига, Феникс 2010 славеше на домашен терен против екипата на МКК Куманово со 84:75.

Гостите одиграа одлична кошарка во првото полувреме и сосема заслужено беа во предност од 44:51. Кумановци ги добија првите две четвртини и најавија дека во Скопје сакаат победа. Сепак, стартот на вториот дел и пристапот во играта на домашните, промени се. Феникс 2010 третата четвртина ја почна силно и за неполни три минути веќе израмни (52:52). Потоа следуваше период на израмнета битка која донесе егал влез во последните 10 минути (67:67).

Во финалниот дел полетноста на домашните повторно дојде до израз. Кумановци немаа одговор за Митревски, Тимоти, Шепард и Бертран кои го приведоа мечот до нова вредна победа за домашните.

Митревски со 21 поен беше лидер во победата на Феникс 2010, додека кај МКК Куманово Тадиќ запиша 17 поени.

ПретходноНовиот претседател на РФМ порача: Заедно да се залагаме ракометот да остане спорт број 1
СледноАморим одговори на критиките на Кин