Лука Дончиќ одлично се вклопи во Лос Анџелес Лејкерс, а сега тимот од Калифорнија се бори за второто место во западната конференција во НБА лигата, додека неговиот поранешен клуб е во големи проблеми. Екипата на Далас беше поразена од Милвоки (132:117), што е нивни трет пораз во последните четири натпревари, во рок од само една недела.
Тимот од Тексас во тој период беше убедливо поразен од Голден Стејт, потоа Лејкерси ја зедоа мерката, совладувајќи ја слабата Шарлот, но потоа дојде уште еден кикс. Не помогна ниту Кајри Ирвинг кој постигна 31 поен.
Најдобриот играч на Далас во моментов шутираше прилично слабо (9/23), се уште повредениот Ентони Дејвис го пропушти мечот, а во Далас немаше кој да „повлече“, тимот беше во слободен пад. Затоа, се очекуваше дека Јанис Адетокмубо (29 поени), Демијан Лилард (28) и Гери Трент (20) рутински ќе ги водат Милвоки Бакс до победа над тимот кој пред само неколку недели се обидуваше да го освои второто место на Западот.
Далас Маверикс сега се на деветтото место во Западната конференција, со скор од 32-29.
Детроит Пистонс – Бруклин Нетс 115:94
Хјустон Рокетс – Сакраменто Кингс 103:113
Мемфис Гризлис – Сан Антонио Спарс 128:130
Далас Маверикс – Милвоки Бакс 117:132
Филаделфија 76ерс – Голден Стејт Вориорс 126:119.