Предмалку заврши слаломот кој што се одржуваше во словенечка Крањска Гора, а е дел од тековниот Светски куп, а на него триумфираше искусниот норвежанин Хенрик Кристоферсен.
Иако по првото возење ја немаше најдобрата позиција, сепак, со екстра втора етапа, Кристоферсен стигна до првото место. Со време од 1:39:26, тој беше најбрз пред сонародникот Тимон Хауган кој заостана 17 стотинки. Трет беше Мануел Фелер со 23 стотинки заостанување.
Во генералниот пласман Марко Одермат води со 1306 бодови пред Кристоферсен со 846 и Лоик Меилард со 681.