Туку што заврши 21. коло од тековниот ПМФЛ шампионат, во кој што горе долу што се вели фаворитите да оправдаа фаворитската улога.
Во Тетово, тимот на Шкендија со конечни 1:0 го совлада тимот на Тиквеш. Одлучувачкиот погодок на дуелот го постигна Адаму Алхасан во 35. минута, малтене од корнер ситуација што се вели. Ибраими изведе, а Алхасан со пета маестрачно на „втора“ во мрежата на Димовски.
Од дуга страна пак, тимот на Силекс и тоа како се рехабилитираше од елиминацијата во купот со 3:1 победа против екипата на Струга Трим Лум во Кратово.
Веќе по половина час домаќинот имаше водство од 2:0 преку голвите на Хрвановиќ и Усман, по што јасно беше каде ќе се движат нештата на овој меч. Гостите намалија на 2:1 пред полувреме, но Ади Алиќ кој што е во голема форма пролетва повторно погодува и ги поставува конечните 3:1.
Шкупи супериорно против Пелистер
Од друга страна пак тимот на Шкупи со головите на Џемаил Имиши на два пати и Нуман Ајети на свој терен го совлада Пелистер со конечни 3:1. Домаќинот доминираше во секој сегмент од фудбалската игра на овон меч па нормално е што епилогот на мечот е ваков.
Работнички не ги искористи своите шанси
На стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје, Гостивар во улога на домаќин во мечот со Работнички одигра само 0:0. И тоа домаќинот треба да е среќен што одови бод на овој меч затоа што Работнички и тоа како имаше повеќе од играта, создаде шанси кои не ги искористи.
Воска не се дава сезонава
Конечно, во Охрид, тимот на Воска исто така со 3:1 ја победи Брера и дополнително си ја подобри ситуацијата на табелата пролетва. Виноградац, Осеи и Адеми за 3:0, додека Нзендгуе го постави копнечниот резултат во послендите моменти од мечот.
Резултати:
Гостоивар – Работнички 0:0
Силекс – Струга ТЛ 3:1
Воска – Брера 3:1
Шкендија – Тиквеш 1:0
Шкупи – Пелистер 3:1
Табела:
Шкендија 46, Силекс 41, Работнички 41, Гостивар 40, Струга ТЛ 32, Шкупи 31, Пелистер 23, Брера 20, Воска 18, Вардар 17, Тиквеш 15, Беса 15