Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Лука Костиќ, има извонредни настапи во дресот на Босна во шампионатот на БиХ. Во вториот дел од сезоната нашиот примач е лидер во тимот на Босна и досега на шест одиграни средби успеа да слави дури петпати, со што го врати составот од престолнината во трка за место во плеј-офот.
Во последниот меч викендов Босна славеше против Модрича со 3:1 и ја оствари деветтата сезонска победа со која се најде на 6. место на табелата и обезбеден пласман во плеј-офот. Костиќ во просек има 20 поени по натпревар и не случајно е лидер во својот состав.
„Одлично играме во вториот дел од сезоната. Веќе сме во плеј-офот, па ќе чекаме да заврши Купот и да почнеме со четвртфиналето на плеј-офот. Имаме амбиции и се надеваме на пласман во самата завршница“, вели нашиот репрезентативец.
Лидер во шампионатот на БиХ е Домаљевац кој има само еден пораз досега.