Новак Ѓоковиќ се чини и да сакаше не можеше да добие потежок распоред на претстојниот мастерс во Индијан Велс. Најдобриот тенисер во историјата си кажа дека овде ќе го “брка“ својот 100-ти трофеј во кариерата, но никако нема да му биде лесно на турнирот кој започнува утре.
Имено Србинот во првото коло како шести носител ќе биде слободен, но затоа во втората рунда за ривал го доби Ник Кирјос. Ако се биде во ред, ако нема изненадувања и секако ако Новак биде во форма и победува, тогаш во четвртфиналето го чека Карлос Алкараз.
Да кажеме дека на Индијан Велс нема да настапи Јаник Синер а Ѓоковиќ овој турнир го освојувајл петпати во својата кариера.