Вечерва во меч од 19.коло во нашата најсилна кошаркарска лига, МКК Куманово на свој терен успеа да го победи Шкупи со 83:75.
Иако важеше за фаворит пред оваа средба, сепак не беше ни малку лесно за домашниот тим да слави над гостите од Скопје. Едноставно кумановци и тоа како се испотија да дојдат до победата.
Тоа се виде уште во првата четвртина кога Шкупи успеа да ја добие истата со 19:26. Кумановци се вратија во втората со 21:16, но сепак на пауза гостите заминаа со предност.
Во второто “полувреме“ МКК Куманово одигра далеку подобро, знаеја што сакаат и како да дојдат до победата што на крајот и им успеа.
Шкупи се обидуваше да стори нешто повеќе, но сепак немаше сила за такво нешто.
Кога сме кај поентерите, да кажеме дека кај домашните Тадиќ забележа 17 поени, додека кај гостите најефикасен беше Сила со 25 поени.
Ова беше 12 победа на Куманово во сезонава и 13 пораз за Шкупи во изминатите 19 кола.