Реал Мадрид во Челзи ја бара замената за Лука Модриќ!

1263

Се повеќе и повеќе во медиумите блиски до Реал Мадрид, се говори дека Лука Модриќ по завршување на сезоната нема да добие нов договор од “кралевите“ и дека тоа ќе биде тоа, и дека по цели 13 сезони минати во Реал, Хрватот ќе мора да си оди.

Тоа не нешто неочекувано, но вистинско изненадување е каде и во кого Дон Флорентино Перез ја гледа замената за легендата на Реал Мадрид.

А ја гледа во Челзи и во Енцо Фернандез.

Според Перез и неговите соработници, токму Аргентинецот би требало да го наследи Модриќ во средниот ред на Реал Мадрид.

Секако дека до Енцо тешко се доаѓа, посебно ако се знае дека пред две години Челзи за него на Бенфика и плати 121 милиони евра, дека има договор со Челзи до 2032 година, но сепак Реал си е Реал и тука се е можно.

Енцо Фернадез во Реал Мадрид? Па, таа опција и не е така лоша за “кралевите“ ако се знае дека тој има само 24 години и е светски првак со Аргентина.

ПретходноЕрдон Даци со трансфер во Казахстан и веднаш настапи за Женис!
Следно“Барем засега, Лука не е ни блиску до Дражен!?“