Рушевиќ од пенал за триумф на Работнички над Тиквеш

348

Со голот на Анес Рушевиќ во последната минута од првиот дел, тимот на Работнички предмалку на комплексот Петар Милошевски во Скопје, го совлада тимот на Тиквеш со минимални 1:0. Овој меч го комплетираше  23. ПМФЛ коло од овогодинешниот шампионат.

Истиот не изобилуваше со некаква убавина и еден момент го одлучи. Досудениот пенал во последните моменти од првиот дел, за кој гостите нормално сметаа дека не постои. Сепак, удар од белата точка се случи, а сигурен реализатор беше голгетерот на Работнички.
Потоа, во вториот дел, Тиквеш се обиде да ја анулира негативата со поагилна игра на противничката половина но не вроди со плод.

Можеби најзрелата шанса гостите ја имаа во 90. минута кога по изведениот корнер, на вториот дирек осамен како дух беше Даниел Миловановиќ кој од идеална позиција шутираше млако и неубедливо со глава и не го погоди воопшто голот.

Работнички сега има 44. бодови и е четврти, додека Тиквеш остана на досегашните 18 и е десеети и понатаму.

ПретходноСтартува пријавувањето за „40х20“, осигури си место за незаборавно ракометно искуство!
СледноЛеверкузен драстично ослабен за реваншот со Баерн