Јокиќ му одржа лекција на најдобриот НБА тим, трипл-дабл на Дончиќ во новиот пораз на Лејкерс (ВИДЕО)

2639
Фото: Денвер/Твитер

Денвер ја совладаа Оклахома со убедливи 140-127 на гостински терен, главен играч на натпреварот беше Никола Јокиќ, кој постигна 35 поени, забележа 18 скока, додаде 8 асистенции и забележа една украдена топка и една блокада.

Дополнително, српскиот центар имаше само една загубена топка за 40 минути поминати на теренот. Шутираше 15/20 од поле.

Јокиќ оваа сезона има просек од 28,9 поени, 13,0 скока и 10,5 асистенции по натпревар. Покрај него исклучително ефикасен беше Џамал ​​Мареј со 34 поени. Дорт од Тандер постигна 26 поени, заедно со осум тројки, додека Шаи Гилџеус-Александер додаде 25 поени.

Тандер имаат скор од 52-11 и водат во Западната конференција, додека Денвер има скор од 41-22 и е на третото место на Западот. Оваа победа беше важна за Нагетс бидејќи тие успешно одговорија на поразот од Тандер во претходниот натпревар.

Бруклин Нетс на домашен терен го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 111-108. Лука Дончиќ, кој неодамна им се приклучи на Лејкерси, беше еден од најистакнатите играчи во играта. Тој го запиша вториот трипл-дабл како член на Лејкерси, имаше 22 поени, 12 асистенции и 12 скока.

Лејкерс моментално се на третото место во Западната конференција со скор 40-22. Бруклин Нетс е на 12. место во Источната конференција со скор 21-42. Со победата ја прекинаа серијата од седум последователни порази.

Атланта – Филаделфија 132:123
Бостон – Јута 114:108
Бруклин – Л.А. Лејкерс 111:108
Мајами – Шарлот 102:105
Торонто – Вашингтон 119:104
Чикаго – Индијана 121:103
Хјустон – Орландо 97:84
Мемфис – Феникс 120:118
Оклахома – Денвер 127:140
Сан Антонио – Далас 129:133
Голден Стејт – Портланд 130:120
Сакраменто – Њујорк 104:133

ПретходноЏирона извади реми против Еспањол, Миовски доби 70 минути
СледноГолема драма во Црна Гора откако легендарниот Ивица Костелиќ се изгубил среде море!