Салах плачеше по елиминацијата на Ливерпул од Лигата на шампиони (ВИДЕО)

346

ПСЖ се пласираше во четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако го елиминираше Ливерпул на пенали. Херој на францускиот тим беше голманот Џанлуиџи Донарума, кој одбрани два удари од белата точа во пенал серијата.

По завршување на мечот во центарот на вниманието се најде Мохамед Салах. Токму Египќанецот беше видно емотивен, не можеше да ги сокрие солзите по елиминацијата на неговиот тим.

 

Mo Salah was left in tears following Liverpool’s exit in the Champions League
byu/DavidRolands insoccer


Египќанецот оваа сезона игра брилијантно за Ливерпул. На 42 одиграни натпревари постигна 32 гола и додаде 22 асистенции. По елиминацијата од Лигата на шампионите, Ливерпул останува да се бори за шампионската титула во Англија, каде има 15 бода и натпревар повеќе од второпласираниот Арсенал. Тие, исто така, се уште се во конкуренција за Лига Купот и ФА Купот.

ПретходноЛШ: ПСЖ на пенали го елиминираше Ливерпул за четвртфинале во ЛШ
СледноЛуда завршница: Четири поени за победа во една акција, Јанис – трагичар (ВИДЕО)