Ниту поразот не ги повреди толку навивачите на Ливерпул колку сцената во тунелот со Ван Дајк (ВИДЕО)

735

Во центарот на вниманието по дуелот меѓу ПСЖ и Ливерпул беше Вирџил ван Дајк, кој по мечот застана кај раководството на ПСЖ за да разговара, а секако многумина тоа го протолкуваа како можни преговори за трансфер во францускиот клуб, со оглед на тоа што договорот на Холанѓанецот истекува на лето.

Ван Дајк разговараше неколку минути со претседателот на францускиот клуб Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Луис Кампос, а тоа го вклучи алармот на Енфилд бидејќи многумина веруваат дека иднината на Холанѓанецот е главна тема.

На навивачите не им се допадна тоа што Ван Дајк реши да направи малку муабет со челниците на ПСЖ по ваков пораз и сметаат дека требало веднаш да замине во соблекувалната со остатокот од тимот.

Исто така, Ван Дајк во еден момент се свртел и видел дека го снимаат и очигледно бил свесен за шпекулациите кои ќе настанат кога видеото ќе се појави на социјалните мрежи.

Многумина веруваат дека иднината на Ван Дајк била главна тема бидејќи договорот со Ливерпул му истекува на лето, а со месеци преговараат за продолжување и се уште не постигнале договор.

ПСЖ многу добро знаеше дека носи големи ѕвезди откако им истекоа договорите со клубот во кој настапуваат, а дали Ван Дајк ќе биде нивна аквизиција на лето останува да видиме.

ПретходноСлот: Најдобар натпревар на кој сум бил! За победа треба да имате и среќа!
СледноПочна судењето на лекарскиот тим на Марадона: Вака почина Диего (ВИДЕО)