Тренерот на екипата на Кливленд, Кени Аткинсон, го собори рекордот на франшизата по бројот на остварени победи во првата сезона на клупата на Кавси. Имено, Аткинсон кој минатото лето го презеде тимот, уште вчера по мечот со Милвоки дојде до рекордни 54, а веќе денеска постигна и нов рекорд од 55 остварени победи во првата сезона на клупата на Кливленд и тоа по само 65 одиграни меча во сезоната.
Успехот што Кавси го имаат оваа сезона е доказ дека Кливленд ја донел вистинската одлука да го ангажира Аткинсон како наследник на Џеј Би Бикерстаф. Пред да дојде во Кливленд, Аткинсон беше помошен тренер во Голден Стејт Вориорс и Лос Анџелес Клиперс. Тој исто така беше тренер во Бруклин Нетс и имаше ангажман во тренерскиот штаб на Њујорк Никс и Атланта Хокс.