Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска во својата изјава синоќа по триумфот на тимот над екипата на Копенхаген со 1:0 и пласманот во 1/4 финалето од Конференциската лига делуваше доста задоволно и среќно што тимот просперира во ова натпреварување.
„Важно е да се стигне до четвртфиналето. Сега задачата е следното коло, полуфиналето. Заслуживме да стигнеме до четвртфиналето врз основа на резултатите од два натпревари. Во вториот дел ја променивме формацијата, се адаптиравме и бевме многу подобри. Потребно е трпение, но факт е дека навивачите очекуваат успех“, додаде Мареска.
Enzo Maresca is going to win us the conference league trophy and get us champions league football pic.twitter.com/DbJfBTd7Wj
— Janty (@CFC_Janty) March 13, 2025