Убедлив триумф на Македонија на стартот на турнирот „Чајка“

168

Македонската одбојкарска репрезентација со триумф над Црна Гора со 3:0 го отвори меморијалниот турнир „Бранко Хаџиилијоски – Чајка“ што се одржува во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Црногорците покажаа сила, имаа свои моменти но „спартанците“ беа подобри во сите три сета 25:21, 28:26 и 25:19.

Најдобар кај Македонија беше Никола Ѓорѓиев со 16 поени, Љафтов реализираше 13 поени, Милев 9, а Маџунков 6 поени.

Следниот меч на нашите одбојкари е против Словачка во сабота, а мечот со Израел нема да се одигра затоа што Израелците го напуштија Скопје по позитивни играчи на Ковид-19.

 

ПретходноБамфорд не го интересира Тотенхем, си потпиша договор со Лидс
Следно„Кралевите“ извршија градежна инспекциија на Сантијаго Бернабе (ВИДЕО)