Уште еден млад спортист е жртва на пожарот во дискотеката во Кочани каде најмалку 59 лица го загубија животот. Станува збор за кошаркарот на третолигашот, Дино Баскет, Петар Ивановски.
Ивановски, кој имаше 20 години, кариерата ја почна уште на најмала возраст, освојуваше многу трофеи и оствари многу победи со кочанскиот третолигаш во сите возрасни категории.
Ивановски бил момче за пример, вистински борец на теренот, со Дино Баскет освојувал многу трофеи, меѓу нив е признанието за најкорисен играч до 14 години, на стартот на неговата кариера.