По четири порази во низа, ЛА Лејкерси утринава пред своите фанови успеа да дојде до својата втора победа и тоа против Сан Антонио со 125:109 и тоа без Леброн Џејмс.
Нема проблем, го нема Леброн, но затоа тука е Лука Дончиќ кој просто ги воодушеви фановите со својот настап, посебно со разигрувањето на своите играчи ако се знае дека имаше 14 асистенции, девет скокови и 21 поен. Немаше шутерска ноќ, но затоа тука беше Ривс со 30 поени.
Luka just flipped off the rim because the ball didn't drop after the foul 😂
Doncic is too funny man pic.twitter.com/eUZdkuOBG1
— LakeShow Highlights (@LSH_lakeshow) March 18, 2025
Дури и самиот Леброн покрај теренот се смешкаше на ова издание на неговиот тим.
Денвер и без Никола Јокиќ успеа да го победи Голден Стејт со 114:105. Поради повреда не настапи најдобриот кошаркар во светот, но затоа блескаа Гордон и Вестбрук кои одиграа на врвно ниво и славеа над дружината на Стеф Кари. Првиот забележа 38 поени а вториот трипл-дабл. Кари застана на 20 поени. Да кажеме дека во составот на Нагетси, исто поради повреда, го немаше ни Мареј.
На останатите средби се постигнаа следните резултати:
Њујорк – Мајами 116:95, Хјустон – Филаделфија 144:137 (продолженија), Минесота – Индијана 130:132 (продолженија), Њу Орлеанс – Детроит 81:127, Јута – Чикаго 111:105, Феникс – Торонто 129:89, Портланд – Вашингтон 112:97, Сакраменто – Мемфис 132:122.