Брука, бламажа за сите пари. Ете тоа вечерва среде Белград им се случи на Партизан и Жељко Обрадовиќ во меч од Евролигата против Ефес. Резултатот 65-97 делува нереално, поразот дома со 32 поени делува нереално, ама вистина е.
Што ли му се случи на Партизан вечерва, тоа ретко кој може да го објасни.
Во првата четвртина беше 18:24, во втората дури 15:30 и по ова стана јасно што го чека тимот на Обрадовиќ.
Навивачите на Партизан беа во шок, просто не веруваа во тоа што го гледаат.
Вечерва се одиграа уште две средби. Панатинаикос на свој терен успеа да слави над Алба со 91:81, а Барселона го победи Жалгирис со 82:70. Ова беа мечеви од 30.коло во Евролигата.