29-годишниот централен бек Христијан Драгарски повеќе не е фудбалер на Теута од Албанија. Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, ја заврши соработката со составот од Драч по само неколку месеци откако се пресели во албанскиот прволигаш од битолски Пелистер.
Останува да се види каде Драгарски ќе ја продолжи кариерата ова лето.