Барселона останува без победа? Осасуна размислува за жалба за прекршување на правилата?

395
Фото: Барселона/Твитер

Барселона ја совлада Осасуна со 3-0 и со тоа се искачи на првото место на десет кола до крајот на шампионатот, има три бода повеќе од актуелниот шампион Реал. Но, сега кога се оспорува победата, вест која се наоѓа на насловните страници на сите шпански медиуми. Радио станицата Кадена Копе откри дека Осасуна размислува за жалба бидејќи постои сомнеж дека Барселона го прекршила правилото на ФИФА на натпреварот во врска со задолжителниот период за одмор на играчите откако ќе се откажат од националниот тим поради повреда.

Осасуна се повикува на членот 5 на ФИФА: „Адвокатите на Осасуна размислуваат да го оспорат натпреварот и неговиот резултат поради неовластеното појавување на Иниго Мартинез за Барселона. Осасуна се повикува на членот 5 на ФИФА. Во него се наведува дека кога играчот ја напушта репрезентацијата поради повреда, тој не може да игра за клубот додека не поминат пет дена од последниот натпревар од неговиот национален тим, но не ако тој самиот го побара тоа“, пишуваат Шпанците и додаваат: „Шпанија играше со Холандија во Лигата на нациите во неделата, а до натпреварот на Барселона против Осасуна во четврток не минаа пет дена. Сега се истражува дали Мартинез ја напушти репрезентацијата на негово барање или бил испратен дома од репрезентацијата.

Мартинез не играше за Шпанија против Холандија поради повредата што ја заработи против Атлетико. „Иниго Мартинез е повлечен од репрезентацијата на Шпанија поради повреда на коленото, која ја пријави Барселона. На негово место селекторот Луис де ла Фуенте го повика Дин Хујсен од Бурнмаут“, соопшти шпанската фудбалска федерација пред натпреварите на националниот тим.

Мартинез остана во Барселона да се опорави. Тој почна да тренира во понеделник, ден по репрезентативниот натпревар. Три дена подоцна играше за Барселона против Осасуна како стартер.

ПретходноВардар 1961 ќе се засили со полски голман од Кјелце?
СледноЛиверпул се спрема за одмазда: “Редси“ ќе ја активираат откупната клаузула од 100 милиони евра за ѕвездата на Реал!