Она што се најавуваше од Белград во минатите неколку денови, денеска е и официјално. Ц. Звезда и нејзиниот тренер Дејан Станковиќ ја продолжија соработката до 2024 година. Секако дека и условите се подобрени, Становиќ сега ќе зема 600.000 годишно.
“Премногу сум горд на дадената шанса од страна на мојот најсакан клуб Ц. Звезда. Им благодарам на сите на трпението и довербата. Во главата го има само тоа продолжување на соработката. Има уште многу да се работи, имам златни момци, супер стручен штаб Само уште Маракана да се отвори за гледачите, па да биде се супер“ изјави Станковиќ за клупскиот сајт.
ФОТО: ФБ на Ц. Звезда