Партизан остана без никакви шанси за пласман во Евролигата. Во Каунас загуби од Жалгирис (70:66) и тоа значеше дека нема на што да се надева. Жељко Обрадовиќ на прес-конференцијата зборуваше за поразот и сезоната.
„Секогаш е посебно да се игра во оваа атмосфера, сакам да доаѓам овде. Сакам да му честитам на Жалгирис, тие заслужија да го добијат мечот, решија малите детали. Кошарката е натпревар во кој треба да се биде сконцентриран од сите аспекти. Тие нè добија поради офанзивниот скок, а ние игравме со тројца високи играчи, нашиот напад против нивната одбрана со превземање беше катастрофален, тоа одлучи.Им благодарам на сите за поддршката, многу ни значи, секогаш остануваат со тимот и тоа го ценам, започна Обрадовиќ.
На прашањето дали се разочарани откако останаа без шанси за плеј-ин, тој одговори:
“Да, дефинитивно сме разочарани. Верувам во овој тим, дека тимот може да се бори да биде меѓу најдобрите. Не најдовме начин, особено на последните натпревари. Имавме некои проблеми во тимот, повреди, тоа не е оправдување. Кој и да е во тимот мора да се бори. Нема да кажам дека не се боревме, беше спротивно, се боревме, недоволно да победиме”.
Еден од новинарите го потсети Обрадовиќ дека Партизан го сменил целиот тим пред почетокот на сезоната и го прашал дали воопшто е можно целосно нов тим да се бори за плеј-офот.
„Слушајте, многу пати објаснив, нашиот план не беше да го смениме целиот тим, но тоа се случи поради различни околности. Имаме слична ситуација како Жалгирис кој загуби некои натпревари на неверојатен начин, како нас. Рано е да се зборува за тоа сега. Го имаме последниот натпревар дома и АБА лигата и за сите овие работи е добро да зборувам на крајот на сезоната, одговорноста како тренер е моја“.










