На СП за јуниори истрча време на сениорски светски рекорд на 110 метри со пречки

178

Францускиот атлетичар Саша Жоја постави нов јуниорскиот светски рекорд на 110 метри со пречки на Светското првенство за јуниори во Најроби со резултат кој е подобар и од актуелниот светски рекорд во сениорска конкуренција.

Жоја истрача време од 12,72 секудни, што е за 8 стотинки подобро од светскиот рекорд за сениорни кој му припаѓа на Американецот Арис Мерит (12,80) поставен уште во 1977 година.

Сепак, резултатот на Жоја не може да се смета за светски рекорд во сениорска конкуренција поради разликата во висината на пречките во јуниорските и сениорските натпревари.

ПретходноСерафимов и Миловановиќ подобри од Бабунски во „македонското дерби“
СледноГери Кејхил го облече дресот на Борнмут