Периќ: Мора да се подигнеме и да извлечеме поука

302

Битолчани не ги исполнија очекувањата, иако за противник имаат силен тим, сепак потфрлија против Мешков Брест. Во еден момент негативата на теренот изнесуваше и осум гола, на крајот поразот од 27-31 изгледаше како премија.

Пред реванш средбата играчите и стручниот штаб ќе мора да се поправат, не само за оваа средба туку и за новата сезона во која не смеат да си дозволат едно вакво издание.

„Игравме против врвен тим, но многу лошо отворивме и исклучени беа двајца наши многу важни ракометари за играта во одбрана и мислам дека тоа пресуди. Сигурно дека треба да се подигнеме, да извлечеме поука од овој натпревар и да бркаме четири гола за полуфинале во Белорусија“, изјави Јосип Периќ. 

ПретходноКлоп се откажа од заштитниот знак
СледноБарселона се спаси на „Сан Мамеш“… (ВИДЕО)