Полувреме: Вардар – Тиквеш 1:1, убедливи Шкендија и Силекс, на Арената нема голови!

832

Завршија првите полувремиња од сите шест средби од 27.коло во ПМФЛ.

На ФФМ, каде играат Вардар и Тиквеш, резултатот е 1:1. Кавадарчани поведоа со голот на Садик, за да во судиското продолжение Закариќ по нафрлање на Сековски, Вардар израмни на 1:1.

На Арената, во дербито на колото, Работнички и Струга ТЛ играат без голови.

Силекс има убедливо водство против Беса и тоа со 3:0 и тоа со головите на Алиќ, Додев и М. Ѓорѓиевски од пенал.

Шкендија има 2:0 против Воска со головите на Адеми и Тамба. Додека во Битола, со прекрасниот гол на Ѓорѓиевски, водат гостите со 0:1.

На Маџари екипите на Гостивар и Шкупи играат 1:1. Демири со прекрасен гол донесе водство на гостите, за да потоа Глишиќ израмни на 1:1.

ПретходноПирло ја блокирал банкарската сметка на својот син поради коцкарски долгови од 30.000 евра!
СледноВан Дајк за победа на Ливерпул, веќе се лади шампањското на “Енфилд“!