Карабатиќ откри зошто не сака да биде тренер!

137

Никола Карабатиќ вели дека поминал многу време во ракометот и дека не планира да стане тренер бидејќи многу добро знае колку добива од таа работа. Професионалните спортови се сурови, дури и ако се најдобри на сите времиња.

Најдобриот ракометар на сите времиња Никола Карабатиќ гостуваше во емисијата „Неуспехот на прваците“ на Славен Билиќ во која сподели повеќе детали за неговото воспитување, балканските корени, а голем дел од интервјуто беше и за спортот што го прослави.

Излезе дека го избрал вистинскиот пат, откако стана најодликуваниот ракометар во историјата на Франција, играше до својот 40-ти роденден. Летово реши да се пензионира.

„Ракомет гледам секој ден, моите деца играат ракомет, јас сум амбасадор на ПСЖ, имам договор со една телевизија каде имам улога на стручњак… Така што не ми недостасува затоа што не сум ни отишол. Имам академија со брат ми. Исполнет сум. Професионалниот ракомет не ми недостига“, рече Карабатиќ.

На прашањето дали има ли шанси да стане тренер?

„Можеби би бил добар тренер, научив многу, играв со одлични тренери, но тоа е многу тежок живот. Имав 24-годишна професионална кариера и ми требаше пауза“, заклучи тој.

ПретходноДончиќ прв во НБА, ова никогаш не се случило: Милиони доаѓаат во Лејкерси, а молк во Далас
СледноИнтер во наредните денови ќе објави голема вест!