Навистина чудно, како тоа и зошто Воска го напушти терениот на мечот со Вардар? Голот беше чист, а за се ова виновен е тренерот на Воска, Клодиан Арбери, дојден од Албанија, кој просто е анонимус од тренер и на негово инсистирање дојде до прекин на оваа средба. Интересно тоа што капитенот на тимот се спротистави на таа одлука на својот тренер, но не успеа да го разубеди а овој бараше екипата да го напушти теренот.
Тоа и се случи и сега самиот клуб ќе претрпе голема штета. Јасно е дека не само што Воска ќе го загуби овој меч со службени 0:3 туку и ќе биде казнета.
Така е тоа кога се ангажираат тотални анонимуси за тренери кој потоа прават проблеми во ПМФЛ.