Раководството на Гостивар ги чека приведените играчи кои сеуште се во полициска станица во Струга!

1388

По се она што се случи по завршување на дербито во Струга, откако дел од играчите беа приведени од страна на полицијата и однесени во полициската станица во градот, тие сеуште се таму.

СпортСпорт“ ексклузивно објави дека фудбалери на Гостивар нападнале припадници на МВР и затоа се во полициска станица, а клубот од Гостивар, како по обичај повторно излегува со полноќни соопштенија.

Соопштението, со кое Гостивар го потврдува настанот, ви го пренесуваме во целост:

Нашите 3 фудбалери и 1 член на стручниот штаб се 5 часа приведени во полициската станица во Струга. Не смеат да се гледаат со своите сопруги или соиграчи. Управата на тимот и нашиот спортски директор со часови чекаат на студот пред полициската станица да добијат вести од играчите“.

ПретходноЛас Палмас со гол во 93. минута ги урна надежите на Атлетико за титула
СледноШоу на Јокиќ, залудни 37 поени на Дончиќ (ВИДЕО)