ФОТО НА КОЛОТО: Гостиварци пред и во полициската станица во Струга!

581

Немили сцени по дербито на 28.коло во ПМФЛ во Струга. Гостите од Гостивар незадоволни од резултатот 1:1 својот гнев, покрај другото, го истурија и врз припадниците на МВР. А потоа се знае што следува, приведување и притвор за тројца фудбалери и еден член на стручниот штаб на Гостивар.

Сите четворица ноќта ја минаа во полициската станица во Струга, се чекаше на доаѓање на јавен обвинител и земање изјави. Според МВР сите четорица ќе добијат кривични пријави.

Инаку дел од управата на клубот ноќта ја минаа пред полициската станица со цел да дознаат што се случува со приведените свои играчи.

ПретходноФернандо Мориентес: Можев да умрам!
СледноБарселона го исмеа Реал: Вака се прави пресврт! (ФОТО)