Трент го донесе Ливерпул на чекор до титула, а Лестер го прати во Чемпионшип (ВИДЕО)

126

Фудбалерите на Ливерпул славеа на гостувањето кај Лестер со минимални 0:1 во натпреварот од 33. коло на Премиер лигата и направија уште еден голем чекор кон шампионската титула.

Тоталната доминација на гостите не успеваше да даде резултат се до 76. минута (ВИДЕО), кога нововлезениот Трент Александер-Арнолд успеа да го урне бедемот пред домашниот гол и да погоди во мрежата на Хермансен за победа на гостите.

Лестер, кој нема постигнато гол на домашен терен од 8 декември, официјално се прости од Премиер лигата, бидејќи на 5 кола до крајот заостанува 18 бода зад последниот кој е на сигурно место (Вест Хем).

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 28.КОЛО: Гандо го носи Работнички во Европа
Следно„Милионерите“ сѐ уште се во трка за Лигата на шампионите