Веспрем извади реми во Германија, Нант со гол предност оди во Лисабон

50

Ракометарите на Нант остварија минимална победа од 28:27 во првиот меч од четвртфиналето во ЕХФ Лигата на шампионите. Во меч во кој Французите имаа и подобра предност, гостите од Португалија во финишот успеаја комплетно да се вратат во мечот и на крајот со пристојна негатива од само еден гол ќе го пречекаат Нант на свој терен.

Мине со 7 гола беше најефикасен кај Нант во денешната победа, додека кај Португалците Мартин Кошта постигна 8 гола.

Ракометарите на Магдебург одиграа нерешено 26:26 во првиот меч од четвртфиналето на плеј-офот во ЕХФ Лигата на шампионите против екипата на Веспрем.

Во поголемиот дел од мечот водеа гостите од Унгарија, а Германците на крајот успеаја само да дојдат до реми, а со тоа и да задржат какви-такви шанси за реваншот.

Најефикасен беше Фабрегас со девет гола за Веспрем, додека кај Магдебург, Лагергрен со седум погодоци беше најпрецизен.

ПретходноОлимпијакос го победи Реал, Монако лесно до триумф над Барса
СледноПо седум години, Милан повторно ќе игра финале во Купот на Италија