Страшен пад на Батлер, сезоната за него е завршена? (ВИДЕО)

156

Хјустон Рокетс изедначи во серијата на 1-1 против Голден Стејт во првото коло од плеј-офот на Западната конференција на НБА, откако на домашен терен победи со 109-94. Хјустон беше предводен од Џејлен Грин со 38 поени, од кои осум тројки по 18 обиди, а имаше и шест асистенции, четири скока и три украдени топки.

Голден Стејт никогаш не водеше. Најефикасен во тимот беше Стив Кари со 20 поени, девет асистенции и пет скока. Тој стана 11-тиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 4.000 поени во плеј-офот и сега има 4.017 поени.

Вориорс од крајот на првата четвртина играа без Џими Батлер, кој падна многу незгодно по една одбиена топка. Публиката за момент молчеше, а ѕвездата на калифорнискиот тим остана на подот во болка.

Тој веднаш ја напушти играта и не се врати, а Вориорс стравуваат дека можеби го загубиле до крајот на сезоната. Неколку упатени известуваат дека се сомневаат дека ја скршил карлицата, што значи долга пауза.

Откако им се приклучи на Вориорс, Батлер има просек од 18 поени, 5,5 скока и шест асистенции. Во плеј-ин натпреварот против Мемфис Гризлис, тој постигна 38 поени и го предводеше тимот во плеј-офот. Тој беше донесен во клубот за Кари да има поголеми шанси за уште една титула, веројатно последна во кариерата.

ПретходноПМФЛ: Вардар – Беса се игра на ФФМ, Брера – Воска во понеделник!
СледноИнзаги: Жалиме за навивачите, но ова е фудбал!