Вечерва се одиграа уште два први меча од плеј – офот или од 1/4 финалето во ракометната Лига на Шампионите за пласман на Ф4.
Прво Барселона гости кај Сегед славеше со 24:27 (10:9) и тоа со пресврт во второто полувреме со оглед на тоа дека на пауза домашните заминаа со +1 гол разлика.
Централна фигура на оваа средба беше мега – ѕвездата на Барса, Дика Мем кој успеа со 10 голови просто да ја уништи домашната екипа, додека Нгесан и Фраде запишаа по шест погодици.
Кај поразениот тим на Сегед, Хрватот Шоштариќ успеа осум пати да ја затресе мрежата на каталонскиот состав.
Во вториот меч, во кој се сретнаа Фуксе Берлин и Алборг, славеа домашните со 37:29.
Германскиот состав одигра одлично, сепак во преден план беше Гидсел кој со 12 постигнати голови просто ги расплака своите Данци во салата “Макс Шмелинг“ во Берлин. Јасно е дека сеуште ништо уште не е готово, но исто така јасно е дека Фуксе Берлин во моментов е подобар тим.
FOTO EHF