Еди Хау за пневмонијата: Не сум 100% добро физички, но психички сум одлично

70

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, изјави дека сè уште не се чувствува 100 проценти подготвен, но се опоравува откако се врати на работа по престојот во болница поради пневмонија.

47-годишниот стратег беше примен во болница на 11 април, откако беше болен неколку дена и ги пропушти последните три натпревари на Њукасл.

„Поминав низ мешавина на емоции, но се чувствувам како да сум на пат кон целосно закрепнување“, рече Хау на прес-конференција денеска.

„Добро сум. Не сум 100 проценти добро физички, но мислам дека сум блиску до 100 проценти психички, што е најважно. Се обидувам да гледам позитивно на секое искуство, мислам дека тоа е навистина важно“, изјави Хау, кој призна дека ја потценил болеста.

ПретходноРеал потврди: Финалето ќе се одигра, никогаш не помисливме да се откажеме!
СледноТешки денови за Дончиќ, Едвардс ги искористи и брутално заби преку Словенецот (ВИДЕО)