ФК Воска предмалку излезе со соопштение дека официјално се повлекува од понатамошно натпреварување во овогодинешниот ПМФЛ шампионат.
Како што самиот клуб наведува во соопштението, по казната која што дисциплинската комисија на ФФМ ја изрече по повод повлекувањето односно недоигрувањето на дуелот од ПМФЛ колото против Вардар на свој терен, клубот од Охрид реши повеќе да не настапува во државниот шампионат.
Казната од минус девет бода, која што Дисциплинската комисија ја изрече, според Воска ја прелила чашата и била врвот на неправдите кои што му се нанесени на финалистот на купот на Македонија.
Што ќе се случува понатаму и како ќе бидат регистрирани преостанатите мечеви кои Воска требаше да ги доигра во овогодинешниот шампионат останува да видиме, но дефинитивно ФК Воска оди во најнизок ранг на натпреварување по автоматизам.