Ракометарите на РК Алкалоид вечерва го одработи и последниот тренинг пред утрешниот реванш меч од полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп.
Откако експедицијата на нашиот клуб пристигна во Сандефјорд, Норвешка, под водство на стратегот Кирил Лазаров, ракометарите тренираа и работеа во салата на Рунар.
Познато е дека Алкалоид на првиот меч во Скопје оствари победа со пет голови разлика, сепак ќе видиме утре од 17 часот, за кога е закажан реваншот тоа ќе биде доволно Лазаров и неговите момци се радуваатна историско финале во едно европско клупско натпреварување.