Младиот Матеј Лазаров денеска на дербито на Маџари, кое беше прекинато при крајот, успеа со убав гол да му донесе н Работнички израмнување.
Јасно беше дека следува голема радост на Матеј, кој го соблече дресот и ја покажа маичката на која беше ликот на Андреј Лазаров. Познато е дека некогашниот фудбалер на Работнички почина во трагедијата во Кочани на 16 март.