По тешка битка во пет сета, актуелниот шампион Струмица оствари победа од 3:2 над екипата на Штип УГд и поведе со 2:0 во финалната серија од домашниот одбојкарски шампионат. По првиот успех на гости, струмичани овој пат успеаја да слават и пред своите навивачи и да дојдат на само една победа до освојување на нова шампионска круна.
ВТОР НАТПРЕВАР:
СТРУМИЦА – ШТИП УГД 3:2 (25:11, 19:25, 25:22, 13:25, 15:13)
Гледајќи го текот на мечот, Струмица многу лесно го отвори првиот сет и експресно гоз атвори со водство од 1:0 препуштајќи му само 11 поени на противникот. Штип УГД се врати од грчот во првиот сет и во вториот покажа добра игра со која успеа да дојде до израмнување. Третиот сет беше еден од нај интересните. Струмичани го издржаа притисокот и во завршницата искористија сет-топка за 25:22 и ново водство до 2:1 во сетови.
Потоа шампионот потона. Во четвртиоот сет Штип УГД се врати моќно за 13:25 и ново израмнување. Драмата следуваше во петтиот сет кога домашните успеаја да ја искористат предноста во финишот и со тесни 15:13 да обезбедат втора победа.
Кинтеро со 17 поени беше предводник на шампионот и на оваа средба, додека кај Штип УГД најефикасен беше Задмарт со 18 поени.