Тасевски: Јас сум Македонец, живеам во Бугарија и мојата цел е да ги зближам двата народа (ВИДЕО)

4587

Хуманитарниот натпревар одигран во Варна, помеѓу фудбалските легенди на Бугарија и Македонија, а во насока на собирање средства за настраданите и нивните семејства во трагедијата во Кочани имаше голем ефект. Собрани се преку 60.000 евра, јавноста овој меч го проследни со големо внимание, особено кај нашиот источен сосед и целта е постигната.

Нашата експедиција секако доби соодветен пречек, односно внимание од домаќинот, а во таа улога се најде и едно наше добро познато лице. Екс репрезентативецот Дарко Тасевски кој со децении веќе живее во Бугарија и Софија што се вели му е втор дом.

Тој даде прекрасна изјава по повод настанот велејќи дека му е чест и задоволство што е дел од ваков настан. Дека се чувствува почестен што е дел од такво друштво на легенди, и дека неговата мисија како македонец во Бугарија е да ги зближи што е можно повеќе двата народа кои како соседи мора да живеат еден до друг и да си помагаат во секоја можна прилика.

ПретходноТотален хаос во Шпанија, планот на Лапорта одеднаш пропадна
СледноСимеоне го продава еден од своите најдобри фудбалери!