Македонското олимписко теквондо одново потврди дека е носечки индивидуален спорт во Македонија.На турнирот Астерикс Е3 кој се одржа во Ниш, Србија Македонија освои пет медали.
Мартина Наумовска – 55кг, кадет (ТК Феникс Кик) сребро со победа над Лудович Скалера (2:0) и пораз во финалето од Денис Коц (0:2). Антонио Негријовски – 45 кг, јуниор (ТК Феникс) сребро директен влез во финале поради добар ранкинг и пораз од Лампис Филипо Мариа кој е трет на светсата ранг листа. Ема Петрушевска – 45кг, јуниор (ТК Тигри) бронза победа против Гала Грубач од Србија (2:0), пораз во полуфиналето од Мамути Заинаб (0:2). Дино Величковски – 40кг, А класа пионери (ТК Те-Макс) бронза победа против Ботнару Кирил од Молдавија (2:0). Давид Божиновски -73 кг јуниор (клуб) сребро, слободен во прво коло поради добар ранкинг, победа во второ против Даниел Лингу од Молдавија и пораз во финале од Србинот Лазар Савичевиќ. На турнирот во Тирана (Тирана Трофеј Е3) бронза освои јуниоро Ненад Целески од клубот ТК Хваранг фист во категоријата +78 кг