Тимот на ДЦ Јунајтед од Вашингтон ќе биде најверојатно следниот тим на Пол Погба. Некогаш еден од најдобрите фудбалери на светот, падна во заборав по допинг скандалот и суспензијата која што му се случи и нема настап од 2023 година, но сеуште планира да биде активен.
Па така, 32. годишниот офанзивец е виден веќе во САД, на мечевите на овој клуб, кој ги има правата да потпишен професионален договор со Погба.
Погба е без клуб откако го напушти Јувентус по меѓусебна согласност во ноември минатата година. Ди Си Јунајтед е заинтересиран и за играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Брујн, чии права за потпишување се во сопственост на Интер Мајами.
Моментот со поседување на правата за потпис на играч е правило кое важи за МЛС лигата, и е во насока повеќе клубови да не бидат во „битка“ за еден играч.