Вака одлучи денешната ждрешната ждрепка со која нашиот финалист во ЕФХ купот, тимот на Алкалоид ќе се сретне со грчкиот претставник од Атина. Токму таму, АЕК и Алкалоид ќе го играат првиот од двата финални дуели,на 18/19 мај додека пак реваншот во Скопје ќе се игра секако една недела подоцна.
Ова е секако добра вест за нашиот претставник, иако не мора и да биде правило дека вториот меч е подобро да се игра дома. Алкалоид е правиот пример за тоа, затоа што токму во полуфиналето нашиот претставник на свој терен одигра маестрално и победи со пет гола предност над тимот на Рунар, што беше пресудно за пласманот во финалето.