ЛШ полуфинале: Арсенал или ПСЖ? Спектаклот на “Емирејтс“ е загарантиран! (ФОТО)

201

Вечерва од 21 часот на „Емирејтс“ во Лондон со натпреварот Арсенал и ПСЖ, стартуваат полуфиналниоте пресметки во Лигата на Шампионите. Вечерва се игра првиот меч а реваншот се игра во Париз.

Ова ќе биде реприза од октомври кога овие два тима играа во лигашката фаза и тогаш победи Арсенал со 2:0.

Сепак ова е полуфинале, ова е двомеч за паметење за двете екипи кои досега низ својата историја имаат само по едно финале и сеуште му се немаат радувано на “ушлето“.

Ова ќе биде двомеч на два тима кои ги водат тренери кои инсистираат на офанзивен фудбал, на гол повеќе. И Арсенал и ПСЖ оваа сезона ги воодушевуваат фудбалските фанови за тоа како играат. Микел Артета и Луис Енрике се големи пријатели, но вечерва пријателството ќе го стават настрана.

Вечерва ќе се води фудбалска војна со голем влог. Арсенал играл финале во ЛШ во 2006 година кога беше поразен од Барселона, а ПСЖ играл финале во 2020 година кога загуби од Баер.

Арсенал во 1/4 фииналето го мина Реал Мадрид а ПСЖ беше подобар од Астон Вила.

Па така Арсенал или ПСЖ? Артета или Енрике? Рајс или Дембеле?

Ќе видиме вечерва а потоа и во реваншот во Париз, само една од овие две екипи ќе обезбеди место во финалето во Минхен.

ПретходноВардар 1961 договори десен бек на Бутел Скопје?
СледноНе е само Димитријевиќ, Олимпија Милано може да остане без уште еден важен играч?