Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Рим

100

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра на овогодинешниот Мастерс турнир во Рим (7-18 мај). Организаторите на овој турнир објавија дека Новак Ѓоковиќ одлучил да не игра во италијанската престолнина.

„Се гледаме следната година, Ноле“, беше објавено на Твитер.

Ѓоковиќ 18 пати настапуваше во Рим во својата досегашна кариера, а шестпати го освојуваше турнирот. Исто толку пати стигнал до финалето.

Ноле не се прослави минатата сезона во Рим, откако беше елиминиран во третото коло од Алехандро Табиљо.

Оваа сезона тој играше на Мастерсот во Монте Карло и Мадрид, но загуби во првиот натпревар.

ПретходноУште една лоша вест за Реал: Менди има руптура на тетивата, го чека пауза од три месеци!
СледноНачевски и Николов судат четвртфинале во ЛШ