Македонската женска кугларска репрезентација за играчи до 18 години го имаше својот прв настап на Светското првенство за играчи до 23 години кое се одржува во Крањ и Камник, Словенија.
Екипно нашите кугларки се пласираа на 10. место во конкуренција на 12 селекции. Зад Македонија останаа Италија и Естонија.
Во финалето и битката за титулата светски поединечен првак влезе и нашата Стефанија Алековска која на завршниот ден, во четврток, уште еднаш ќе има можност да ги одмери силите со најдобрите кои учествуваат на светското првенство.
Нашите девојки ќе имаат настапи и во дисциплините тандем и спринт во среда.
Тандем ќе играме против Полска, а доколку ја поминеме првата рунда би се сретнале со победникот од дуелот Германија – Австрија. Спринтот во првата рунда ни е против кугларка од Словачка и од Хрватска.