Ракометарите на Фухсе Берлин и Нант обезбедија место на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Во четвртфиналето против Алборг, Фуксе Берлин одигра доминантно и победи и на вториот меч, вечерва нагости со 40:36.
Германците се пласираа меѓу четирите најдобри, благодарение на Матијас Гидсел кој средбата ја заврши со 9 гола.
Нант на гостувањето кај Спортинг исто така оствари и втора победа. По тесниот триумф напрвиот меч дома, французите вечерва победија во Лисабон со 30:32 и доминантно го потврдија своето место на финалниот турнир.