По шокантниот пораз во полуфиналето во Азиската Лига на Шампиони на Ал-Наср од јапонскиот Кавасаки со 2:3, фановите на клубот од Саудиска Арабија беа гневни. Сите очекуваа дека факторот за победа треба да биде Кристијано Роналд, посебно ако се знае дека тој е платен 200 милиони евера по сезона, но Португалецот уште еднаш разочара со својот настап.
Па така по таа болна елиминација, фановите на Ал-Наср воопшто не го штедеа Роналдо во своите коментари на социјалните мрежи.
Еве дел од нивните коментари:
–„Во моментов, јутјуберот Спид е подобар од Роналдо и во фудбал“.
-„Ајде надвор, човече! Измами го Ал-Наср за 200 милиони евра годишно“
-„Оваа измама треба што побргу да се пензионира“
-„Треба веднаш да го раскинат договорот со Роналдо ако сакаат да освојуваат трофеи“.