Валтер Мацари ќе биде тренер на Естегал

85

Искусниот италијански стратег Валтер Мацари, ќе го преземе кормилото на иранскиот фудбалски гигант Естегал.

Клубот кој има сериозна историја и кој во африканскиот фудбал игра сериозна улога има проблеми со тренерското место кое одлучува да ги решава со искусно италијанско име.

Мацари е тренер кој во минатото ги водеше екипите на Наполи, Интер и Торино. Ќе го менува афирчкиот стратег Пицо Мосимане кој не успеа да се наметне во оваа сериозна улога. Додека траеа преговорите со Мацари, клубот го водеше уште едно за нас познато име, а тоа е Миодраг Гроф Божовиќ како преодно решение, но и тој не успеа резултатски да ја подигне екипата.

Мацари наводно ги прифатил сите услови и од следната сезона ќе го води овој трофеен клуб.

 

ПретходноПочина Маноло, најголемиот навивач на репрезентацијата на Шпанија
СледноЈамал е генијалец: Ни Меси, ни Роналдо не беа на тоа ниво на негова возраст! А еве што правел Ламине на 12 години! (ВИДЕО)