Предмалку во седиштетот на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката по повод претстојниот фајнал фор турнир во машката верзија од Лигата на Шампионите сезонава.
На него ќе се сретнат екипите на Барселона и Магдербург, а во второто полуфинале во битка за пласман во самата завршница ќе се сретнат екипите на Фуксе Берлин и Нант.
Завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе се игра на 14 и 15 јуни на веќе проверената дестинација „Ланксес Арена“ во Келн која што со години е домаќин на завршниот турнир во машка конкурецнија.