Не е само во Македонија: Србија во шок, свирежи за време на една минута молк (ВИДЕО)

478

Во дербито од 34-то коло од српската Суперлига играа Нови Пазар и Партизан, а домашниот тим победи со 2:1, но сцените кои се случија пред почетокот на мечот го ставија фудбалот во втор план.

Трибините на стадионот во Нови Пазар конечно беа добро пополнети, бидејќи во минатото имаше претежно забрани за навивачите кога гостуваа Звезда или Партизан.

Но, пред почетокот на натпреварот, се случи срамен чин и невиден скандал во насока на домашната публика, која очигледно нема почит кон ништо.

На 4. мај се навршуваат две години од масовното убиство во селата Мало Орашје и Дубона во близина на Младеновац, кога Урош Блажиќ уби девет и тешко рани 12 лица со автоматска пушка.

Во чест на трагично загинатите во Рибникар, Мало Орашје и Дубона се одржа едноминутно молчење, во тие моменти од трибините се слушаа свирежи.

ПретходноЛ’Екип: Реал го решава стоперскиот проблем со играч вреден 100 милиони евра
СледноНикој не го понижил како Анчелоти, но вчера претера: Целиот стадион виде што му направи